Свет

ХОРОР! Авион се урна на автопат во Италија, има загинати!

ХОРОР! Авион се урна на автопат во Италија, има загинати!

Две лица загинаа, а најмалку две други се повредени кога мал авион се урна на автопат во Италија, во близина на Бреша.

Трагедијата се случи околу пладне во вторник, а очевидци велат дека сцената била ужасна. Според жителите, авионот одеднаш се завртел во воздух, пред да удри во земјата.

Спасувачките екипи ги пронајдоа изгорените тела на пилотот и патниците во остатоците од авионот.

Според првичните информации, станува збор за лесен авион, долг околу 7 метри, кој полетал од Грањано Требијенсе кон север.

Авионот се урна помеѓу Флеро и Азано Меја, на раскрсницата со автопатот А4.

По несреќата, авионот се запалил, а деловите летале десетици метри наоколу, паѓајќи врз возилата што минувале на тој дел од автопатот. Најмалку две лица, кои биле во автомобилот, биле повредени додека минувале низ огнените остатоци што следеле по ударот, бидејќи не успеале да застанат. Локалните медиуми објавија дека повредените мажи биле на возраст од 49 и 56 години.

Во трагедијата загинаа еден постар маж и една жена. Во тек е истрага за да се утврдат сите околности на несреќата.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни