Воен хеликоптер падна во кањонот на реката Чикола, во близина на Шибеник, Хрватска.
Во средата, на 21 јуни, хеликоптерот Ми-171 Ш од Дивуље и авионот Пилатус на хрватските воздухопловни сили беа вклучени во потрагата по воен хеликоптер што се урна во реонот на селото Пакова во Шибеничко-книнската жупанија.
Неофицијално се дознава дека се работи за хеликоптер на унгарските вооружени сили.
Не станува збор за хеликоптер на вооружените сили на Република Хрватска , соопшти Министерството за одбрана.
Министерството за одбрана навремено ќе ја информира јавноста за сите детали , јавува 24сата.