Во месноста Широки Бријег пред неколку дена, малолетник, според неофицијални инфомации, брутално убило шест кучиња, пишува Кликс.
Некои медиуми јавуваат дека момчето има само 14 години.
Причината, наводно, била затоа што едно од кучињата претходно убило три кокошки во соседството.
Дежурниот обвинител на Кантонот Западна Херцеговина (ЗХК), Јосип Аничиќ, за Klix.ba вели дека случајот не е пријавен во надлежните институции, туку ќе се истражува.
„Ќе формираме случај врз основа на натписот од медиумите и ќе го истражиме случајот“, изјави Аниќиќ за Klix.ba.
Според неофицијални информации, случајот не бил пријавен во полиција бидејќи кучињата биле на сосед и роднина на семејството на момчето.