Осум лица загинаа, а едно лице е повредено во напад со нож во кинескиот град Сјаоган.
Како што пренесува кинеската новинска агенција „Ксинхуа“, 53-годишниот напаѓач е приведен и наводно боледува од ментална болест.
Повредените немаат повреди опасни по живот.
Полицијата го приведе осомничениот, а истрагата е во тек, наведува кинеската агенција.