Свет

Хорор во Русија: Три деца загинаа во пожар

Хорор во Русија: Три деца загинаа во пожар

Три деца на возраст од осум, 10 и 16 години загинаа во пожар  во село во руската област Нижегород , а нивните родители се во болница со изгореници, соопшти регионалниот оддел на Истражниот комитет на Русија.

Дојава за пожар во приватна станбена зграда во селото Нечаево е добиена рано утринава, пренесува РИА Новости.

Според првичните информации, причина за пожарот е неисправност на електричните инсталации или на печката.

Поведена е кривична постапка по член од Кривичниот законик на Руската Федерација кој се однесува на предизвикување смрт од небрежност.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни