Балкан

ХРВАТСКА: Авион излета од пистата и удри во дрво!

ХРВАТСКА: Авион излета од пистата и удри во дрво!

Пилотот и копилотот се повредени во несреќата што се случи околу 19:30 часот на аеродромот во Сињ, кога авион „Цесна 172А“ излетал од пистата и при слетување удрил во дрво.

Центарот на округот 112 Сплит добил дојава во 19 часот и 30 минути дека на аеродромот Сињ се случила несреќа при слетување на мал авион.

Според тамошните медиуми, за несреќата биле известени службите за итна помош, полицијата во Сињ, Хрватската контрола на летање и Агенцијата за истражување на несреќи во воздушниот, поморскиот и железничкиот транспорт.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни