Премиерот на Хрватска, Андреј Пленковиќ, изјави дека земјата остварила нето позитивен биланс од 21,3 милијарди евра од европските фондови тринаесет години по своето пристапување кон Европската унија, пренесе агенцијата ХИНА.
Хрватска стана дваесет и осмата држава членка на Европската унија на 1 јули 2013 година. Земјата поднесе официјално барање за членство во 2003 година, а во 2004 година доби статус кандидат. Преговорите почнаа во 2005 и завршија во 2011 година. На 22 јануари 2012 година, хрватските граѓани на референдум со околу 66 проценти поддршка го одобрија членството, по што на 1 јули 2013 година земјата официјално се приклучи кон ЕУ.
На 1 јануари 2023 година, Хрватска стана членка и на Шенгенската зона и на еврозоната, со што ја продлабочи својата интеграција во Европската унија. По повод годишнината од пристапувањето, премиерот Пленковиќ членството го оцени како „значаен позитивен исчекор во развојот на Хрватска“.