Во болница во Хрватска, врвни хирурзи изведоа ретка и сложена операција со која од абдоменот на пациентка отстранија тумор тежок неверојатни 36 килограми. Овој оперативен зафат се смета за еден од најголемите предизвици во поновата историја на хрватското здравство поради огромната големина на туморот и ризикот по животот на жената.
Пациентката долго време се соочувала со здравствени проблеми и нагло зголемување на абдоменот, а точната дијагноза била поставена дури по детални и комплексни прегледи. Хируршкиот тим успеал да ја отстрани формацијата без компликации, и покрај значителниот притисок врз виталните органи.
„Пациентката сега е стабилна и закрепнува под постојан надзор. Тежината на туморот од 36 килограми го покажува критичниот момент во кој се наоѓаше,“ соопшти болницата.
Овој случај ја потврдува експертизата и посветеноста на хрватските хирурзи, кои успеааа да спасат живот во речиси безнадежна ситуација. Жената ја очекува долг процес на рехабилитација, а лекарите се оптимисти за нејзиното целосно закрепнување.
