Овие момчиња помагаат околу деталите за одржување на хуманитарниот концерт. Не се двоумат да работат и да бидат дел од ваквите активности. Концертот се одржува во ресторанот „Амбрела“. Идејата е преку музика да се соберат средства за децата со посебни потреби. Берат, веќе два месеци работи тука. Вели дека има голема волја за работа и помагање.
Лицата со посебни потреби, ги повикуваат граѓаните да им помогнат на децата.
Граѓаните се забавуваа, а имаа можност и да донираат пари во стаклените кутии. Организатори на овој настап се специјалните олимпијци на Македонија и Филозофскиот факултет, со поддршка на доброволците. Тие велат дека овојпат помошта ќе биде наменета за градинките во општина Бутел.
Организаторите велат дека активностите од ваков вид ќе продолжат и понатаму. Секој месец ќе се организира по некој настан, со цел да им се помогне на децата и лицата со посебни потреби.
Репортер: Алмедина Исмајли
