Свет

Хутите нападнаа три брода во Црвеното, Средоземното и Арапското море

Хутите нападнаа три брода во Црвеното, Средоземното и Арапското море

Портпаролот на јеменската милитантна група Хути, Јахја Сареа, денеска изјави дека групата извршила напади врз три брода во Црвеното Море, Средоземното Море и Арапското Море.

Сареа изјави дека групата Хути ги нападнала бродовите затоа што „ја прекршиле одлуката за забрана за влез во окупираните палестински пристаништа“, според Ројтерс.

Водачот на групата, Абдул Малик Ал Хути, претходно во мај најави дека ќе бидат нападнати сите бродови кои одат кон израелските пристаништа, а не само оние што претходно ги нападнале во Црвеното Море.

Од ноември минатата година, оваа проиранска група изврши бројни ракетни и беспилотни напади врз бродови во клучните канали на Црвеното Море: теснецот Баб ал-Мандаб и Аденскиот залив, како и за поддршка на Палестинците во Газа.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни