Македонија

И британската амбасада му помага – Кривичен одлучи, Томор Морина не треба да се екстрадира

Не се исполнети условите за екстрадиција во Србија на поранешниот војник на косовска ОНА, Томор Морина.

Ова е одлуката на Основниот Суд Скопје, од каде Министерството за правда побара мислење.

„Кривичниот совет при Основниот кривичен суд – Скопје, постапувајќи по барање на Министерството за правда на РСМ, а по разгледување на целокупната пропратна документација во барањето, како и ценејќи ја досегашната воспоставена судска пракса и меѓународното право, донесе решение дека не се исполнети условите за екстрадиција на лицето во Р. Србија како баратели на екстрадицијата“, велат од Основен суд Скопје.

Меѓутоа ваквата одлука на Основен суд не го ослободува Морина од притвор.

Морина ќе биде во „Шутка“ додека Врховен суд не одлучи за одлуката на Кривичен.

Ова за ТВ21 го потврдија од канцеларијата на неговиот адвокат, Насер Рауфи. Адвокатот Никола Наумов, рече дека судот проценил  дека мерката притвор треба да продолжи, додавајќи дека ќе ја обжалат судската одлука.

Освен косовско државјанство, Морина поседува и британски пасош. ТВ21 дознава дека и британската амбасада во Скопје се интересира за судбината на Морина.

„Помагаме на еден британско-косовски маж кој е уапсен во Северна Македонија и сме во контакт со локалните власти“, велат од Амбасадата на Велика Британија во Скопје.

Амбасадорот на Косово во Скопје, Ѓерѓ Дедај, пред неколку дена најави дека испорачувањето на Морина во Србија може да ги наруши односите меѓу Косово и Северна Македонија. Инаку, ИНТЕРПОЛ по барање на Србија издаде потерница за Морина, кој на 24-ти јули беше уапсен од македонската полиција.

РЕПОРТЕР: БЕСИР АРИФИ

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни