Breaking Над 8.300 повици на 112 по невремето во Скопје – ЦУК со апел до граѓаните
Македонија

И Бујаре Абази ја напушти Арсовска: Направи скандалозни прекршувања на договорот и заложбата што ја дадовме пред граѓаните

И Бујаре Абази ја напушти Арсовска: Направи скандалозни прекршувања на договорот и заложбата што ја дадовме пред граѓаните

И заменик градоначалничката на Град Скопје Бујаре Абази ја напушти актуелната градоначалничка на Град Скопје, Данела Арсовска.

Таа денеска преку прес конференција поднесе оставка од функцијата.

Абази, дел од партијата Алијанса за Албанците, порача дека партијата од своето формирање континуирано демонстрирало принципиелна и транспарентна политика.

„На последните локални избори во Град Скопје ветивме дека ќе ги тргнеме од власт тие кои што наштетија, ограбуваа и им го влошија животот на скопјани, но актуелната градоначалничка на Град Скопје Данела Арсовска, направи две скандалозни прекршувања на договорот и заложбата што ја дадовме пред граѓаните“, нагласи Абази, осврнувајќи се на новите функции кои ги добија членови на ДУИ.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни