Македонија

И натаму трае предистрагата за „Беса транс“ – случајот далеку од разрешница

И натаму трае предистрагата за „Беса транс“ – случајот далеку од разрешница

Предистрагата на Јавното обвинителство и Обвнителството за гонење на организиран криминал за несреќата во која во Бугарија на 23 ноември 2021 година загинаа 45 патници во автобусот на „Беса транс“ и натаму трае.

Осум месеци се истражува како овој автобус поминувал низ граничните премини без соодветна документација.

Во предистрага е и тоа дека станицата за технички преглед „Виа комерц“ во Сарај, каде автобусот на „Беса транс“ поминал технички преглед, работела со низа нерегуларности.

Само во период од октомври 2020 до 23 ноември 2021 година автобусот на „Беса транс“ повеќе од 120 пати излегол од државата преку неколку гранични премини со фалсификувани документи.

Од Јавното обвинителство пак за овој случај постојано одговараат дека по проверка на сите факти и околности ќе биде донесена јавнообвинителска одлука.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни