Македонија

И по средбата со Меркел, Макрон го повтори француското „НЕ“ за Северна Македонија

Францускиот претседател Емануел Макрон на вечерашната заедничка пресконференција по средбата со германската канцеларка Меркел во Тулуз повторно го повтори ставот дека засега ќе нема проширување на ЕУ со Северна Македонија и со Албанија.

– Ја споделувам истата геополитичка и стратешка визија со германската канцеларка. Сакам да испратам позитивен сигнал до овие лидери, но сериозно погледнато сега јас морам да им порачам: Овојпат нам ни е потребно малку повеќе време за да ги средиме работите во ЕУ – рече Макрон во Тулуз.

Макрон на прес конференцијата изјавил дека место за Западниот Балкан во ЕУ има, но сегашниот начин на пристапување на нови членки е апсурд.

Меркел, пак, остави надеж до петок за евентуални можни нови случувања.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни