И пратеникот Лазе Таневски позитивен на Ковид-19

Уште еден пратеник на македонското Собрание е позитивен на Ковид-19. Станува збор за Лазе Таневски, пратеник на СДСМ. Дека е позитивен самиот објави на својот профил на „Фејсбук“, кажувајќи дека нема никакви симптоми и се чувствува добро.

Се вчитува...

„Почитувани пријатели,Сакам да ве информирам дека поради приватно неодложно патување, самоицијативно направив тестирање на КОВИД 19. За жал, и покрај почитувањето на сите мерки и протоколи од моја страна, истиот е позитивен. Воедно сакам да ве известам дека членовите од моето семејство се тестираа и сите се негативни. Јас се чувствувам добро и немам никакви симптоми. Мерката за изолација ќе ја испочитувам како и сите други граѓани на нашата земја.Со сето ова кажано чувствувам голема одговорност уште еднаш да упатам апел до сите и да ја нагласам сериозноста на вирусот и можноста за зараза со молба да бидете максимално внимателни. Со желба за побрзо оздравување и позитивни мисли Ве поздравувам.Се гледаме наскоро“, напиша Таневски.

Почитувани пријатели,
Сакам да ве информирам дека поради приватно неодложно патување, самоицијативно направив тестирање…

Posted by Laze Tanevski on Saturday, October 10, 2020

.

Извор: ТВ21