Свет

И Украина со осуда за изјавите на Костадинов

И Украина со осуда за изјавите на Костадинов

Амбасадата на Украина во Бугарија, ги осуди територијалните претензии на лидерот на „Преродба“ Костадин Костадинов кој кажа дека Јужна Бесарабија треба да се присоединат кон Бугарија.

На својот профил на Фејсбук, Костадинов напиша: „Нема ништо пологично од обединување на Бугарија и Македонија во една заедничка држава како и враќање на Јужна Бесарабија назад во Бугарија“.

Ставот на Амбасадата на Украина беше испратен до медиумите.

„Во врска со изјавата на лидерот на партијата „Преродба“, испраќаме осуда на изјавата на политичар кој повикува на кршење на нормите на меѓународното право, ги искривува историските факти и промовира прерасрепделба на границте во Европа. Изјавите на партискиот лидер на „Преродба“ за теротирајалната агресија против Украина е неприфатлива за политичар на ЕУ и ја потврдува неговата систематска пропаганда на наративите на Кремљ“, стои во објавата.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Горан Минчев, министер за јавна администрација 24.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни