Македонија

Ибраим: Остварете го правото на глас и да продолжиме со заедничките успеси

Ибраим: Остварете го правото на глас и да продолжиме со заедничките успеси

Пред саботните по вторпат повторени избори за градоначалник на општина Центар Жупа, кандидатот за градоначалник на Центар Жупа, Аријан Ибраим, ги повика своите сограѓани што помасовно да го остварат правото на глас и да „продолжат со заедничките успеси“.

-Почитувани сограѓани, ценети пријатели на нашата општина. Да продолжиме со заедничките успеси. 20 август, нека биде празник за сите наши чесни и искрени сограѓани и пријатели. Да бидеме заедно на прославата на големата победа. Победниците пишуваат историја. Победата е заедничка како и нашата иднина, порача Ибраим.

Тој, како кандидат на Турската демократска партија, а поддржан од СДСМ и коалициските партнери, е единствен кандидат а довербата ја бара по третпат.

Роден е 1972 година, основно образование завршил во Центар Жупа, средно медицинско училиште во Тетово. Дипломирал на Економскиот факултет на државниот универзитет во Афјон, Република Турција а магистрирал на унивезитетот во Истанбул, насока меѓународно право. Како наставник во родната Жупа, работел две години, а по неколку години работа во Италија се враќа, работи како раководител на правно-финансиско одделение во општина Центар Жупа, но и активно почнува да се занимава со политика. Оженет е и е татко на три деца.

Првиот мандат го доби на локалните избори во 2013, а вториот четири години подоцна. На локалните избори во октомври минатата но и на повторените во април годинава освои околу 80 отсто од гласовите, но поради необезбедениот цензус од 33,33 од вкупното гласачко тело изборите се повторуваат.

На 20 април на 16 избирачки места правото на глас треба да го остварат 7.154 лица. За да се избере градоначалник, на изборите треба да гласат 2.385 лица или 33,33 отсто од вкупно запишаните.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни