Македонија

Ибраими на рочиште за „Титаник 2“: Тачи ми се јавуваше пред гласањето во ДИК, но тие разговори се кријат

Денеска во Апелацискиот суд продолжува судењето за случајот „Титаник 2“. Поранешниот член на ДИК Бедредин Ибраими кој е осуден на четири години и 6 месеци затвор за злоупотреба на функцијата, пред Судот призна дека лидерот на ДПА Мендух Тачи му се јавувал за време на одлучувањето по приговорите, пренесува порталот „САКАМДАКАЖАМ“

„Но, тој разговор чесен суде, се крие. Ми се јави господинот Тачи три пати, а јас еднаш му кажав дека ќе гласам по законот, потоа не му кренав и третиот пат му одговорив, а тој ми кажа да гласам по законите и моите принципи и убедувања од фактичката ситуација. Е, тие разговори се кријат и не се објавуваат“, рече Бедредин Ибраими.

За истиот случај обвинетиот Сашо Мијалков бара ослободителна пресуда, и чека да ја образложи жалбата. Исто така ослободителна пресуда бараат и Тачи, како и тројцата осудени поранешни членови на ДИК.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни