Македонија

Ибраими призна дека разговарал со Тачи – ја праша Шеќеринска: Кој беше сигурниот глас на страната на СДСМ?

Поранешниот член на  ДИК, Бедредин Ибраими, во Апелација призна дека му се јавил лидерот на ДПА, Мендух Тачи, во 2013 година, за време на носењето на одлуката на приговорите за тогашните локални избори. Но како што рече денеска, тој на седницата по доставувањето на жалбите од сите обвинети во Титаник 2, одбил да прими инструкции. Тој се пожали дека еден разговор меѓу него и Мендух Тачи се крие и не се објавува. Но од седницата упати прашање до министерката за одбрана Радмила Шеќеринска

И Радмила Шеќеринска вели дека на ова прашање треба да одговори самиот Ибрахими бидејќи тврди дека таа не учествувала на состаноците на ДИК.

Во случајот Титаник 2 според првостепената пресуда, Бедредин Ибрахими е осуден на 4 години и 6 месеци затвор.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни