Полицијата го утврди идентитетот на починатата жена која синоќа беше пронајдена во водите на езерцето во Градскиот парк во Струмица.
Станува збор за 71-годишната Л.К. од струмичкото село Едрениково.
Трагичниот настан бил пријавен во полицијата околу еден часот и четириесет и пет минути по полноќ.
Екипа на Итната медицинска помош веднаш излегла на терен, но лекарот само констатирал смрт.
Увид на местото на настанот изврши екипа на Секторот за внатрешни работи Струмица во присуство на јавен обвинител. За да се утврдат точните причини за смртта и како жената завршила во езерцето, по наредба на обвинителот, телото е предадено на обдукција. Надлежните служби продолжуваат со работа на целосно расчистување на случајот.