Македонија

„Идентитетот е затворен“: Ковачевски потсети дека Фронтекс се потпиша на чист македонски јазик

„Идентитетот е затворен“: Ковачевски потсети дека Фронтекс се потпиша на чист македонски јазик

Поранешниот премиер Димитар Ковачевски во емисијата Ноќно студио на 4ТВ детално се осврна на европскиот предлог за преговарачката рамка, нагласувајќи дека тој претставува европски компромис кој еднаш засекогаш ги затворил идентитетските прашања на меѓународно ниво.

Ковачевски потсети дека најголемиот успех на тој предлог е меѓународната потврда на македонскиот јазик. Според него, јазикот е влезен во Европската Унија без никакви фусноти или дополнителни објаснувања, што се докажа и со потпишувањето на договорот со Фронтекс.

„Сите бевте сведоци дека договорот со Фронтекс беше потпишан на македонски јазик. Со овој компромис, изграден на европско ниво, фокусот од идентитетските прашања се префрли на малцинските прашања“, истакна Ковачевски.

Во однос на обврската за вметнување на бугарското малцинство во Уставот, поранешниот премиер објасни дека тоа е само формално проширување на веќе постоечкиот модел по кој се вметнати и сите останати заедници кои живеат во државата.

Ковачевски се осврна и на ветувањата на сегашното владејачко мнозинство дека ќе издејствува подобар договор со Брисел.

  • Признавање на легитимитетот: Тој призна дека новата влада има целосен легитимитет да се обиде да го подобри преговарачкиот процес.
  • Очекувања: Иако сегашната власт имаше силни резерви кон „Францускиот предлог“, Ковачевски порача дека останува да се види дали нивната стратегија за преговори ќе донесе подобар резултат за државата.

„Тие велат дека низ преговори ќе обезбедат подобар предлог. Имаат легитимитет тоа да го прават, а на крајот ќе видиме каков ќе биде исходот“, заклучи тој.

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни