Македонија

ИЈЗ: 49 нови случаи на ХИВ/СИДА во Македонија од почетокот на годината

ИЈЗ: 49 нови случаи на ХИВ/СИДА во Македонија од почетокот на годината

Осум нови случаи на ХИВ/СИДА се евидентирани во Македонија во текот на септември, а во истиот период се пријавени и двајца починати пациенти кои претходно биле регистрирани со ХИВ. Податоците ги соопшти Институтот за јавно здравје (ИЈЗ).

Сите осум новорегистрирани случаи се кај лица од машки пол. Најголем дел од нив, односно четири лица, се на возраст од 30 до 39 години. Останатите се распоредени во возрасните групи од 15 до 19, од 20 до 29, од 40 до 49 и од 50 до 59 години.

Двајцата починати пациенти претходно биле евидентирани како случаи на ХИВ во 2015 и во 2018 година.

Според статистиката на ИЈЗ, заклучно со 30 септември годинава, во земјава се пријавени вкупно 49 случаи на ХИВ/СИДА.

Податоците за периодот од 1987 до 2026 година покажуваат дека во Македонија кумулативно се регистрирани 778 лица со ХИВ/СИДА. Од нив, 144 лица починале, 520 живеат со ХИВ/СИДА, додека 114 се водат како изгубени за следење поради иселување.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Горан Герасимовски 20.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни