„Ја запознав како колега во Собранието на Република Македонија во мојот прв мандат како пратеник.
Имав од кого да учам во тој мандат, а меѓу добрите примери на колеги беше и госпоѓата Илинка Митрева.
И кога веќе не беше во политика на секоја случајна средба не прескокнуваше да проговори за политика.
Имаше јасни ставови за секое прашања и не толерираше релативизирања.
Госпоѓата Илинка Митрева беше добар пример на политичар кој без разлика на партиската определба и припадност, знаеше да биде своја и да ги застапува националните и државни интереси на македонскиот народ и Република Македонија.
За жал, како одминува времето, такви политичари како госпоѓата Митрева недостасуваат се повеќе.
Бог да ја прости“, напиша на својот Фејсбук профил, Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ.
