Спорт

Илија Мандаров во „Мундокаст“: Германија плаќа за детските болести на Нагелсман, Шпанија гази благодарение на ракописот на Де Ла Фуенте

Илија Мандаров во „Мундокаст“: Германија плаќа за детските болести на Нагелсман, Шпанија гази благодарение на ракописот на Де Ла Фуенте

Во најновото издание на емисијата „Мундокаст“, која се емитува на 4TV.MK, тренерот на ЖФК Скопје, Илија Мандаров направи паралела меѓу хаосот во германската репрезентација и стабилноста на новата европска сила – Шпанија.

Мандаров се осврна на токсичната атмосфера во германскиот табор, пренесувајќи ги жестоките критики од тамошните медиуми за веќе поранешниот селектор Јулијан Нагелсман, за кого беше напишано дека во националниот тим „лекувал детски болести“. Тој ја отвори и дебатата за потенцијалното преземање на кормилото од страна на Јирген Клоп, како сериозно чаре за „панцирите“.

Наспроти германските проблеми, Мандаров како позитивен пример ја посочи репрезентацијата на Шпанија. Тој потенцираше дека кај „фуријата“ јасно се гледа ракописот на селекторот Луис де Ла Фуенте, кој со истиве играчи претходно освои сè што можеше да се освои во младинските категории, а сега тој победнички менталитет успешно го преточи и на сениорско ниво, правејќи ја Шпанија доминантна дури и без преголем број ѕвезди од Реал Мадрид или Барселона.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни