Илон Маск предупреди дека „Јапонија на крајот ќе исчезне“, освен ако не може да го промени падот на наталитетот.
Илон Маск одговори на веста за „рекордно намалување на населението во земјата во 2021 година“ споделена на Твитер од јапонската агенција Кјодо, од неговиот профил на социјалните мрежи.
„Доколку не дојде до промена што ќе предизвика наталитетот да ја надмине стапката на смртност, Јапонија на крајот ќе исчезне“, рече Маск.
Населението на Јапонија опаѓа веќе 11 години
Во веста објавена минатиот месец, беше нагласено дека населението на Јапонија се намалило за 644 илјади на 125,5 милиони во 2021 година, што е „11 години по ред и најголемо намалување од 1950 година“.
Според владините податоци, лани во земјава се регистрирани 831 илјада раѓања и 1,44 милиони умрени.
Според најновите податоци, 29 отсто од населението на Јапонија е на возраст од 65 години и повеќе, а 11,8 отсто се на возраст од 14 години и помалку.
