Компанијата на Илон Маск која развива мозочни импланти доби одобрение за првите клинички испитувања на луѓе. Пред неколку месеци американскиот регулатор одби да даде зелено светло и инсистираше на безбедносни гаранции.
Neuralink развива мозочни импланти за да им овозможи на парализираните пациенти да го контролираат надворешниот хардвер со своите мисли.
Идејата е тие да комуницираат пишувајќи на екранот што мислат преку нервните сигнали на нивниот мозок. Подолгорочно, Маск се надева дека технологијата може да влијае на болести како шизофренија и аутизам, па дури и да овозможи телепатија.