Свет

Илон Маск нуди решение за војната во Украина: Предлогот ги крена социјалните мрежи на нозе, се огласи и Зеленски!

Илон Маск нуди решение за војната во Украина: Предлогот ги крена социјалните мрежи на нозе, се огласи и Зеленски!
Украинскиот претседател Володимир Зеленски на својот официјален Твитер профил го објави предлогот на Илон Маск, американски милијардер, за мировниот договор меѓу Украина и Русија, кој содржи четири точки. Зеленски имаше две прашања до своите следбеници. „Кој Илон Маск повеќе ви се допаѓа – тој што ја поддржува Украина или оној што ја поддржува Русија?“, ги праша Зеленски корисниците на Твитер во својата анкета. На предлогот на Маск реагирал и Михајло Подољак, советник на украинскиот претседател. „Еве подобар предлог. Како прво, Украина ги контролира своите територии. Вклучувајќи го и анектираниот Крим. Под два, подложете ја Русија на деметализација и задолжителна денуклеаризација за да не може повеќе да биде закана за другите. Под три, воените злосторници треба да бидат изведени пред меѓународниот трибунал“, напиша Подољак на Твитер. На предлогот на Маск бесно одговорија и многу други Украинци. „Тоа не е само прашање на територија. Се работи за луѓе. Станува збор за геноцид врз украинскиот јазик и култура. Што е за тебе мир, за нив е уништен, осакатен живот. Прашање е да му се дозволи на Хитлер да го има својот пат. Не ми се верува што напиша“, му одговори на Маск Олександер Шерба, поранешниот украински амбасадор во Австрија. „Што мислите за оваа верзија на мирот: Русија е принудена да го почитува меѓународното право. Крајот“, му вели на Маск од редакцијата на Киев пост. Предлогот на Маск за мировен договор има четири точки и тој предлага да се повторат изборите во анектираните региони од истокот на Украина каде Москва спроведе референдуми, но овојпат тие да се одржат под надзор на Обединетите нации. Маск тогаш изјави дека Русија ќе си замине доколку тоа е волјата на народот и дека Крим формално ќе остане дел од Русија. Како последен дел, Маск предлага Украина да остане неутрална, што е важно со оглед на тоа што земјата поднесе иницијатива за членство во НАТО.
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни