Балкан

Има поплава, нема сервер – кипарските владини страни не функционираат!

Има поплава, нема сервер – кипарските владини страни не функционираат!

Сите владини сајтови на Кипар, како и целиот сервер од вчера попладне не функционираат, поради поплава во Министерството за финансии каде што се сместени просториите со серверите кои обезбедуваат пристап до интернет за целиот владин центар, односно за сите услуги на државата.

Според кипарските медиуми поради дефект на цевка имало истекување од еден од големите резервоари за вода на Министерството за финансии лоциран во подрумот и во непосредна близина на просторијата со серверите.

Од владиниот ИТ сектор соопштија дека била предизвикана штета на опремата и прават максимални напори за решавање на проблемот.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Орце Ѓорѓиевски, градоначалник на Град Скопје 15.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни