ИМАЛO ТЕГ ОКОЛУ ВРАТОТ ОД 20 КИЛОГРАМИ! Убиено куче извлечено од морето кај Тиват!

Граѓаните на Тиват биле шокирани откако меѓу Жупа и Бониќ го пронашле телото на брутално убиено куче.

Според „Вијести“, животното очигледно било намерно задушено во морето, бидејќи на вратот му била врзана тежина од 20 килограми, а кучето било врзано со синџир. Пријавата набрзо била поднесена од граѓаните, по што веднаш реагирала Општинската инспекција на општина Тиват и комуналната служба и со помош на фирмата „Уна Монтенегро“ кучето го извлекле на брегот.

Се вчитува...

За жал, поради состојбата во која се наоѓало, се претпоставува дека кучето неколку дена било во морето. Од Општинскиот инспекторат соопштија дека кучето немало вграден чип.

За овој случај е известена и полицијата која презема истраги за откривање на сторителот на овој свиреп чин кој се гони според Законот за заштита и благосостојба на животните. Граѓаните се згрозени од овој инцидент и апелираат до јавноста да помогне во пронаоѓањето на одговорните за да може правдата да биде задоволена и да се спречат слични инциденти во иднина.

Потсетуваме на уште едно свирепо убиство на куче кое се случи минатата година во Белград, маж со иницијали О.Р. (35) од Котеж бил уапсен на 21.09.2023 година поради сериозни сомнежи дека му нанел фатални повреди на куче, а потоа безживотното тело на животното го фрлил во контејнер. Овој страшен инцидент се случил во Белград, а жртвата најверојатно било куче на соседот.

Се сомнева дека мажот брутално го убил кучето, нанесувајќи му повеќе убодни рани пред брутално да го фрли несреќното животно. Деталите за овој случај се навистина шокантни и вознемирувачки.

Полицијата на Палилула брзо реагирала на оваа страшна вест и го уапсила осомничениот маж. Сега се соочува со сериозни обвиненија за убивање и злоупотреба на животни, а во тек е истрага за утврдување на сите факти и околности на овој страшен настан.