Во живо Live емисија Гледај
Македонија

„Имавме закони, но никој не ги спроведуваше“ – по трагедијата во „Пулс“, системот остана ист

„Имавме закони, но никој не ги спроведуваше“ – по трагедијата во „Пулс“, системот остана ист

Повеќе од една година по трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани, Александар Наунов, татко на загинато дете, јавно прашува дали државата навистина извлекла поука и дали нешто се променило во функционирањето на институциите.

Во емисијата „Ноќно студио“ на 4ТВ, Наунов изрази разочарување од институционалниот систем.

Според него, единствената позначајна законска промена по трагедијата е поврзана со забраната за употреба на пиротехника во затворени објекти.

„Тоа е доказ дека сме имале добри закони, но не се спроведувале. Системот ги имал законите, но некој не постапувал според нив“, нагласи Наунов.

Тој порача дека вистинските промени не се постигнуваат само со носење нови закони, туку со нивна доследна примена и одговорност на сите што биле должни да постапуваат според нив.

Ноќно студио

Најнова епизода

Една година од почетокот на судењето за „Пулс“ – кои одговори ги чекаат родителите? | Ноќно студио

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни