Именувани се 12 нови шефови во МВР. Но, тој од Скопје, Ристо Ставревски се слуша во нелегално прислушуваните материјали односно бомби од 2015 година.
Во една од бомбите каде се слуша гласот на екс министерот на МВР, Гордана Јанкуловска, се дознава дека Ставревски бил нејзин советник. Разговорот се однесува на предизборните митинзи и за тоа како да се убедат граѓаните и да им се даде тоа што го бараат, бидејќи, како што вели таа, “бараат ситни работи“. Во текот на разговорот, се спомнува Куманово и 800 припадници на МВР, кои според бомбата, Ставревски ги контактирал за изборите.
Вклученоста во бомбата била причина дополнителната министерка на МВР, Славјанка Петровска од СДСМ да не даде согласност за Ставревски. Ова го потврдија и од МВР, од каде велат дека Ставревски е именуван со само еден потпис. Иако именувањата требаше да се вршат со потпис од двајцата министри, такво нешто не е прецизирано со Закон и останува да се види дали Чулев ќе предложи друго име, или Ставревски ќе биде шеф со само еден потпис. Ставревски беше и сведок во случајот Тенк, на СЈО, каде обвинета е Гордана Јанкуловска.
Од партија на Чулев која го предложи Ставревски, ВМРО-ДПМНЕ велат дека фактот што Ставревски се спомнува во една од бомбите, има разлика од тоа да биде обвинет. Портпаролот на оваа партија, Димче Арсовски рече дека многу луѓе се спомнати и од СДСМ, но продолжиле да работат за Зоран Заев.
Иако вчера ТВ21 побара став од Петровска и СДСМ за да дознае дали се прифатливи предложените имиња, каде е и Ристевски на листата, повторно избраа да молчат. Денеска, од СДСМ велат дека предлогот на Чулев е потврда дека ВМРО-ДПМНЕ не се оддалечила од екс лидерот и екс премиер Никола Груевски.
“Со предлозите Чулев потврдува дека е во матрицата на ВМРО-МВРО, Ставревски бил десна рака на Јанкуловска а го бранеше и криминалот на Груевски Предлогот на Чулев, е уште една потврда дека ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски не се излезени од режимската матрица”, истакна СДСМ.
Освен Ставревски, познато е уште едно име на лице кое е назначено за шеф – Примислав Димовски кој е помошник на дополнителниот министер на Интервентната полиција. Тој во претходната техничка влада бил командант на Алфите, единица која сега се претопи во Интервентна полиција. Димовски бил истражител во СЈО и добивал бонуси од таму. Нови шефови се именувани и во Битола, Велес, Струмица, Штип, Охрид и Прилеп.