„Стомакот го дадовме, името не го даваме“, ваков графит се појави на Широк сокак во Битола.
„Битолчанецот кој го напиша овој графит, а денеска е делумно избришан алудира на тоа дека дел од битолчани се против Преспанскиот договор, но се редовни на шопинг и гиро во Грција“.
За да ја провериме веродостојноста на овој графит, тргнавме за Грција преку граничниот премин Меџитлија која се наоѓа на само 15 километри од Битола, а таму не пречека долга колона од возила уште во 7 часот наутро.
Како што ни рекоа, секој понеделник има попуст на одреден производ во маркетите, па затоа е гужва на граничниот премин.
По преминот на границата, автопат води до грчкиот град Лерин, кој се наоѓа на 15 километри од граничната линија. Сите разбираат и зборуваат македонски јазик.
Го посетивме и маркетот каде повеќе имаше автомобили со битолски регистарски таблички, отколку грчки. Оние кои пазаруваа велат дека им е исто како да се на Широк сокак.
ВЛЕЗ-ИЗЛЕЗ НА ПАТНИЦИ НА ГП МЕЏИТЛИЈА
| 2018 | Август | Септември | Октомври | Ноември |
| Меџитлија | 131.208 | 79.513 | 74.694 | 64.785 |
Според податоците кои ги добивме од Министерството за внатрешни работи, граничниот премин Меџитлија во последните месеци го преминале 87550 патници.
Освен по маркетите и на гиро во Лерин, и оваа сезона за викенд, патиштата на повеќето битолчани водат кон топлите бањи во Лутраки.
Но и Грчки граѓани од пограничните места секојдневно доаѓаат во Битола. Купуваат земјоделски приозводи, месо, бензин, пијат кафе на Широк сокак, а одат на забар, гинеколог или фризер. Грците со подлабок џеб ги посетуваат и битолските казина.
„Голем број на изминатово лето по посетија нашиот град. Во еден момент имав информација дека се пријавени повеќе од 10.000 туристи. Секојдневно работиме со нив, нам ние е мило и веќе имаат култура се закажуваат преку нашиот веб сајт“, изјави Димче Ивановски, од студио Karmen Exclusive.
РЕПОРТЕР: ЈОВИЦА ПАУНОСКИ
