Македонија

Имунизацијата на децата ќе мора да се закаже – еве од кога почнуваат термините

Имунизацијата на децата од 12 до 16 години сепак ќе мора да се закажува на страницата www.vakcinacija.mk, информираше денеска министерот за здравство, Венко Филипче, кој беше во посета на во поликлиниката Шуто Оризари, каде и таму беше отворен пункт.

– Ова мора да биде така, бидејќи она што е важно е дека во една вијала на дозата на Фајзер има шест дози, што значи дека кога ќе се отвори треба да се имунизираат 6 деца.

Затоа е потребно да се направат термини. Родителите ќе може да го направат пријавувањето до четврток, а од петок ќе почне имунизацијаата на младите од 12-до 16 години, рече министерот Филипче.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни