Свет

Индонезискиот вулкан Ибу повторно еруптираше (ВИДЕО)

Индонезискиот вулкан Ибу повторно еруптираше (ВИДЕО)

Вулканот Ибу на островот Халмахер во Индонезија еруптираше исфрлајќи пепел до висина од три километри, објави индонезиската агенција за вулкани.

На жителите и туристите на островот им било препорачано да останат најмалку седум километри подалеку од вулканот, пренесува Ројтерс.

Вулканот Ибу имаше серија ерупции во мај, што предизвика евакуација на седум околни села.

Метеоролозите прогнозираат дожд во тој дел на Индонезија, а Агенцијата за катастрофи предупреди на потенцијални поројни поплави.

Индонезија, архипелаг дом на 270 милиони луѓе, има 127 активни вулкани.

Вулканската активност во Индонезија е честа бидејќи се наоѓа покрај т.н „Пацифички огнен прстен“, област каде што се судираат повеќе тектонски плочи.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни