Спорт

Инфантино не се откажува, ќе се кандидира повторно

Инфантино не се откажува, ќе се кандидира повторно

Џани Инфантино ќе се кандидира за уште еден мандат за претседател на ФИФА на изборите што ќе се одржат во март 2027 година во Мароко. ФИФА во официјалното соопштение потврди дека Инфантино повторно ќе се кандидира за позицијата на која се наоѓа сега.

По завршувањето на Светското првенство, Европската федерација УЕФА влезе во конфликт со Инфантино и неговите најавени потези. Инфантино планираше да продаде делови на натпреварувањата на ФИФА на приватни инвеститори. УЕФА се закани со бојкот на натпреварите во организација на ФИФА, како и на Светското првенство. Европската федерација се откажа од идејата за гласање на недоверба на Инфантино.

За кандидатура за претседател на ФИФА потребна е поддршка од најмалку 106 федерации од 211, а како можен против кандидат на Инфантино неофицијално се споменува името на претседателот на КОНКАКАФ, Виктор Монталијани.

Кандидатурата на Инфантино е борба за негов четврти мандат на челото на ФИФА, а на таа позиција е од 2016 година.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни