Инспекторатот на Град Скопје изврши вонреден надзор на терен – една фирма доби казна

Инспекторатот на Град Скопје во текот на денешниот ден изврши вонреден надзор на терен преку контроли на автобусите и комбињата кои вршат превоз на патници, при што е изречена казна за фирмата под назив “Друштво за транспорт трговија и услуги Ројал Травел ДООЕЛ увоз-извоз Скопје” и за истата фирма ќе биде поднесена пријава до надлежните институции.

Извршен е инспекциски надзор на три автобуси и две комбиња, при што е утврдено дека комбе со назив на фирмата “Ројал Травел ДООЕЛ” вршело превоз на патници од и кон Скопје и екскурзии, без притоа да има лиценца за туристичка агенција и превоз на патници, како и за организирање на екскурзии со туристички водич, од Министерството за економија што е задолжително согласно законот за туристичка дејност, а не поседува ни дозвола од Министерството за транспорт и врски.

Фирмата “Ројал Травел ДООЕЛ” под која што е регистрирано комбето е основана на 28 декември 2021 година, а според информациите кои беа пласирани во медиумите деновиве, станува збор за лица и возила поврзани со “Беса Транс”, на која фирма и беа одземени лиценцата за вршење на внатрешен слободен и посебен линиски превоз на патници и лиценца за вршење на меѓународен слободен превоз на патници од страна на Министерството за транспорт и врски, откако претходно беа констатирани нерегуларности во работењето, неспроведување на законите и законските обврски коишто таа како фирма е должна да ги почитува.

Градот Скопје континуирано спроведува теренски контроли, со цел законите кои што се пропишани за оваа дејност да бидат почитувани и имплементирани во секојдневното функционирање на фирмите кои што работат со јавен превоз, а со тоа и да се овозможи квалитетно и одговорно вршење на дејноста од страна на превозниците и заштита на безбедноста на граѓаните. Соодветни пријави ќе бидат поднесени до надлежните институции за постапување.

Поврзани вести

ОВИЕ 3 НАМИРНИЦИ СЕ СПАС ЗА ЖЕНИТЕ ВО МЕНОПАУЗА: Полни се со протеини и влакна, а не додаваат килограми!

Со доаѓањето на менопаузата, вистинско време е да се размислува за промена на навиките кога се во прашање исхраната и физичката активност, со цел да се зачува физичкото и психичкото здравје, но...

Поради необичната игра што ја смислија, куче и мачка се хит на Интернет

Мачето Лео и кучето Кампер се неразделни пријатели. Дуото постигна голема слава и на социјалните мрежи, а причината за тоа е интересна игра, во која уживаат и двајцата. Имено,...

Владата одлучи: Се намалува периодот на изолација или карантин на 7 дена

Лицата кои се лабораториски потврдени на КОВИД-19 (со PCR тест или со брз антингенски тест), а кои не развиле симптоми на болест односно се асимптоматски случаи на КОВИД-19 им се одредува домашна...

Владата доцна вечерва донесе одлука – еве кога и како ќе започне учебната година

На денешната седница Владата донесе одлука наставата во основното и средното образование да продолжи со физичко присуство на учениците на 1 февруари. Оваа одлука е донесена врз основа на...

Најважното

Владата одлучи: Се намалува периодот на изолација или карантин на 7 дена

Лицата кои се лабораториски потврдени на КОВИД-19 (со PCR тест или со брз антингенски тест), а...

Владата доцна вечерва донесе одлука – еве кога и како ќе започне учебната година

На денешната седница Владата донесе одлука наставата во основното и средното образование да продолжи со физичко присуство на учениците на 1 февруари.

2.019 нови случаи на ковид-19 – пријавени 19 починати лица

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа: Направени се 6.119...

Возачот е виновен за автобуската несреќа кај Струма, утврдиле бугарските истражители

Бугарската националната истражна служба го затвори случајот за несреќата на автопатот Струма во која загинаа 45 лица, изјави за БГНЕС шефот на...

Ковачевски се сретна со Борисов: Да се развива довербата и да продолжи поддршката од Бугарија за членство на Северна Македонија во ЕУ

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски, покрај програмата за неговата официјална посета на Република Бугарија одржа уште неколку активности,...