Македонија

Инспекторката од АХВ доби 30 дена притвор

Инспекторката од АХВ доби 30 дена притвор

Инспекторка од Агенцијата за храна и ветеринарство доби 30 дена притвор, откако беше лишена од слобода под сомнение дека примила поткуп од 250 евра.

Одлуката за определување мерка притвор следува по кривичната пријава поднесена од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР до Основното јавно обвинителство Скопје.

42-годишната Д.М. е осомничена за кривично дело „примање поткуп“ по член 357 став 1 од Кривичниот законик. Според пријавата, таа како државен инспектор за храна побарала и примила 250 евра од управител на угостителски објект за да изготви записник во кој ќе констатира дека при инспекцискиот надзор не биле утврдени неправилности.

Притворот е определен поради опасност од бегство, можност да влијае врз оштетениот и неговиот исказ, како и опасност од повторување на делото.

Истрагата за случајот продолжува.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Горан Минчев, министер за јавна администрација 24.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни