Инстаграм падна: Корисници ширум светот пријавуваат исти проблеми, тврдат дека една функција не работи


Корисниците на Инстаграм ширум светот се соочуваат со големи технички проблеми, а илјадници пријавуваат неможност за испраќање пораки. Според податоците на страницата „Downdetector“, проблемите започнале рано наутро и сѐ уште траат.

Повеќе од 12.000 корисници го пријавиле проблемот, при што речиси три четвртини од жалбите се од корисници кои Инстаграм го користат преку мобилната апликација, што покажува дека проблемот е најизразен токму на паметните телефони.

Најчесто пријавуваниот проблем е неможноста за испраќање приватни пораки преку апликацијата Инстаграм. Покрај тоа, многу корисници пријавиле дека во некои случаи не можат да ја видат ни својата стара историја на разговори, што создава дополнителни непријатности и ги спречува нормалната комуникација.

Овие проблеми можат да укажуваат дека платформата во сопственост на Мета има тешкотии во комуникацијата со своите сервери во позадина.

Другите сервиси во сопственост на Мета, вклучувајќи го Facebook и WhatsApp, изгледа функционираат нормално и без проблеми.