Интервју со Станчевска: Лоотус Ј, едукативен центар за деца и безбедно пристаниште за сите патници

Симона Јовевска од Битола во 2011 година го основа „Лоотус Ј“ – едукативен центар за деца, како мал фамилијарен бизнис во кој ќе има можност да обезбедува едукација и консултации за сите со посебен акцент на овозможување на своите услуги “free of charge” за лица од ранливи категории. Центар каде едукацијата и забавата се едно исто, место кое зрачи со топлина и каде сите групи од општеството се третирани исто. Едноставно безбедно пристаниште за сите патници.

Мелинда Станчевска како менаџер се вклучува  подоцна во семејството на Лоотус Ј, во целост ја прифаќа идејата и целиот концепт на Центарот и продолжува со успешната работа. 

Кои беа предизвиците да се работи за време на пандемија?

Мелинда Станчевска: Центарот постои од  2011 година.  Лоотус Ј и претходно се соочувал со предизвици но никогаш од толку голем обем колку што е тоа случај во последниве две години. Ние како центар за едукација бевме први кои со мерка беа затворени и последни кои отворија за настава со физичко присуство. Сепак поради целокупната ситуација обемот на работа е значително намален. А на тоа можат да се додадат предизвиците на зголемувањето на бројот на работни часови а намалување ученици во групи. Секако неможе да се прескокне и потешкотијата со совладувањето на онлајн учењето и од технички аспект и од аспект да самите ученици, особено возрасни да ја прифатат новата реалност.

Колку ви помогна во работата проектот на ЦУП како женски бизнис во Ковид -19 ?

Мелинда Станчевска: Проектот „Мерки за зајакнување на женски бизниси по Ковид-19“ е спроведен од Центар за управување со промени – ЦУП а поддржан од Balkan Trust for Democracy беше неизмерна поддршка за нас. Тие помогнаа на Лоотус Ј и со дополнителната реклама и промоција. Во вакви времиња кога нормалата е поместена ЦУП со своите членови беа и се до нас. Не само што постојат да помогнат во женските бизниси туку и не мотивираа да останеме силни.

Какви услуги нуди центарот, како и на кој начин децата се развиваат и какви вештини? 

Мелинда Станчевска: Лоотус Ј нуди консултантски услуги, преводи, курсеви за деца и возрасни по англиски и германски јазик, дополнителни часови според  училишната  програма на сите предмети, курсеви по компјутери, математика  и многу други активности. Децата во нашиот центар се многу важни бидејќи целиме кон тоа не само да им бидеме учители туку и најдобри пријатели и заедно да стекнеме вештини и да учиме од искуства, игри, лекции и математички проблеми. 

Што е она на што најмногу се гордеете со Лотус Ј

Мелинда Станчевска: Искрено сите деца се наша гордост. Би ги издвоила нивните учества и  први места постигнати на школски натпревари по математика и англиски и сите положени интернационални тестови по англиски на возрасните. Со нови сили и предизвици ја очекуваме да продолжиме и во Новата 2022 година, подготвени сме на се. Очекуваме многу ученици. 

Поврзани вести

Премиерот Ковачевски утре на средба со бугарскиот претседател Румен Радев

Владина делегација составена од 16 министри, членови на кабинетот и премиерот Димитар Ковачевски од денеска се во дводневна официјална посета на Софија. Во Бугарија ќе биде одржана заедничка меѓувладина...

ВЕЌЕ НЕ СЕ КРИЈАТ: Градоначалникот на Бања Лука и пејачката Тања Савиќ заедно на вечера

Со месеци наназад се шпекулира за односот помеѓу познатата пејачка Тања Савиќ и младиот градоначалник на Бања Лука, Драшко Станивуковиќ. Иако и двајцата беа таинствени, сепак сега се сликани...

КИНЕСКИ ХОРОСКОП ЗА 2022 ГОДИНА – Еве каква ќе биде годината на водниот тигар!

Сите очи се вперени во 2022 година со надеж дека ќе биде подобра од 2021 година Стаорец (родени 2020, 2008, 1996, 1984, 1972, 1960, 1948, 1936, 1924)

Какво време не очекува следниве денови?

Во следните денови ќе биде сончево со мала до умерена облачност и многу студено. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Продолжува периодот на студено време со умерен до...

Најважното

Премиерот Ковачевски утре на средба со бугарскиот претседател Румен Радев

Владина делегација составена од 16 министри, членови на кабинетот и премиерот Димитар Ковачевски од денеска се...

Какво време не очекува следниве денови?

Во следните денови ќе биде сончево со мала до умерена облачност и многу студено. Ќе дува умерен ветер од северен правец.

ФОТО: Голем пожар во Битола – гори фабрика

Голем пожар во Битола, како што јавува репортерот на 4NEWS.mk станува збор за пожар во производствен погон. Пожарот избувнал...

Еве каква временска прогноза не очекува во следните денови

Во следните денови времето ќе биде многу студено и ветровито со умерен до засилен северозападен ветер. Денес и утре особено во северните...

Сончево со мала до умерена облачност, многу студено и ветровито

Сончево со мала до умерена облачност, многу студено и ветровито. Ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец.