Балкан

Инцидент на аеродромот во Сплит: Евакуиран авион на „Ер Србија“, уапсен маж

Инцидент на аеродромот во Сплит: Евакуиран авион на „Ер Србија“, уапсен маж

Сите патници од авионот на „Ер Србија“, кој требало да полета за Белград, во понеделник попладне биле евакуирани на аеродромот во Сплит поради закана за бомба.

Полицијата привела еден патник. Летот бил предвиден за 15:20 часот.

Сведоштво на патник

Винко Пајиќ, еден од патниците, ја опишал ситуацијата во авионот. Тој раскажал дека на пистата во леталото влегле неколку полицајци, дел од нив во униформи, а дел во цивилна облека.

„Низ прозорецот видов полициско возило покрај авионот. Изведоа еден проседен господин кој седеше во третиот или четвртиот ред“, рекол Пајиќ.

Бидејќи на патниците првично не им било јасно што се случува, Пајиќ ја прашал стјуардесата за што станува збор. Таа кратко му одговорила: „Го спомна зборот бомба“.

Известување од пилотот

Пајиќ додал дека неколку патници, од страв, самостојно го напуштиле авионот.

Набргу потоа, околу 15:40 часот, пилотот преку разгласот ги известил сите патници дека мора да излезат од авионот поради безбедносна проверка на леталото.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ацо Ристов, претседател на РКЕ 01.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни