Ирак во март извезол нафта во вредност од 11,07 милијарди долари, што е најмногу во последните 50 години, соопшти ирачкото Министерство за нафта.
Ирак извезол „100.563.999 барели во вредност од 11,07 милијарди долари (10,02 милијарди евра), што е највисок приход од 1972 година“, се вели во денешното соопштение на Министерството.
Цената на суровата нафта порасна по избувнувањето на војната во Украина и синоќа барелот достигна цена од околу 100 долари.
Ирак остварува околу 90 отсто од приходите од продажба на нафта.