Иран употребил дронови за напад врз американска воена база во Ербил, во Ирак, соопшти иранската војска.
„Местото каде што се распоредени американските агресорски сили во Ербил, во Ирак, беше нападнато со борбени дронови на копнените сили на иранската војска“, се наведува во соопштението што го пренесе иранската државна телевизија.
Иранската војска не соопшти дополнителни детали за нападот.
Соединетите Американски Држави и Израел на 28 февруари започнаа напади врз цели во Иран, вклучително и во Техеран, при што беа предизвикани материјални штети и цивилни жртви. Иран изведува одмазднички напади врз израелска територија, како и врз американски воени објекти на Блискиот Исток.
Во меѓувреме, сведоци изјавиле дека се издига чад над северниот дел од главниот град на Саудиска Арабија, Ријад.
„Се гледа чад како се издига над северниот дел на Ријад“, јави агенцијата Ројтерс, повикувајќи се на очевидци.
Соединетите Американски Држави и Израел на 28 февруари започнаа напади врз цели во Иран, вклучувајќи го и Техеран, при што беа предизвикани разурнувања и цивилни жртви. Иран возвраќа со напади врз израелска територија, како и врз американски воени цели на Блискиот Исток.
