Свет

Иранската валута е во колапс

Иранската валута е во колапс

Иранската валута достигна ново ниско ниво во однос на американскиот долар поради тековните граѓански немири и растечката изолација на земјата, објави Ројтерс.

Вчера на неофицијалниот пазар доларот се тргуваше за 370.200 ријали, во споредба со 367.300 ријали во петокот, покажаа податоците од страницата за менувачници Bonbast.com.

Риалот изгуби 13,8 отсто од својата вредност откако избија протести низ целата земја по смртта на 22-годишниот ирански Курд Махса Амини на 16 септември при полициското приведување.

Овие протести претставуваат еден од најголемите предизвици за теократското владеење на Иран од Исламската револуција во 1979 година.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Стефанија Кузмановска и Тодор Конески 10.06.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни