Полицијата во Иран уште еднаш се обидува да им забрани на сопствениците на кучиња да ги шетаат своите миленици, по неколку ситуации во кои кучињата предизвикале страв и паника.
„Добивме неколку жалби за ова прашање и планираме да преземеме соодветни мерки“, рече иранската полиција.
Оваа објава доаѓа откако кучињата неколкупати нападнаа луѓе и деца, особено во парковите.
Снимките од тие настани се раширија по социјалните мрежи и предизвикало вознемирување кај дел од населението.
Иако во Иран не постои закон што би го забранил поседувањето или шетањето на домашни миленици, тамошната јавност, а особено верските водачи, не гледаат позитивно на тоа.
Пред две години полицијата се обиде да забрани прошетки со кучиња и да ги казни сопствениците, но тоа не им успеа. Всушност, и покрај распространетата одбивност, чувањето миленичиња во оваа земја стана се попопуларно, а нивниот број се зголеми особено за време на пандемијата на коронавирус.
Младите луѓе во Иран многу повеќе земаат кучиња за домашни миленици, што стана тренд и во последниве години започна отворањето на голем број продавници со производи наменети за домашни миленици, како и ветеринарни клиники.
