Воена локација во Кувајт, каде што се распоредени единици на американските и италијанските вооружени сили, рано утринава била погодена во напад со беспилотно летало. Станува збор за базата Али ал Салем, која според информациите била цел на ирански дрон.
Според првичните податоци, беспилотното летало погодило складиште во рамките на базата и уништило дрон што припаѓал на италијанското воено воздухопловство.
Од Министерство за одбрана на Италија соопштија дека во инцидентот нема повредени припадници на војската.
Министерот за надворешни работи на Италија, Антонио Тајани, изјави дека ситуацијата е под контрола и дека безбедноста на војниците не е загрозена.
„Не постои никаков ризик ниту пак предизвик за нашите војници. Кувајт претставува иранска воена цел поради присуството на американски воени објекти. Нема да дозволиме да бидеме застрашени, ќе продолжиме да ги исполнуваме преземените меѓународни обврски“, изјави Тајани.
