Исчезна 18-годишна девојка во Тетово, во Штип пронајдена исчезната малолетничка

Вчера во полициската станица во Тетово, 71-годишна баба пријавила дека од домот се оддалечила 18-годишна внука.

„На 31.12.2018 година во 09.20 часот во Полициска станица Тетово Л.Х.(71) од село Теново пријавила дека од дома се одалечила нејзината внука Г.Х.(18). Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.“, велат од МВР.

Се вчитува...

Од друга страна, пак, пријавената за изчезната 13-годишна малолетничка од Штип, била пронајдена од страна на полицијата.

„На 31.12.2018 година. во 14,30 часот од страна на полициски службеници од СВР Штип пронајдена е 13 годишната малолетничка која  на 30.12.2018 година во 03,00 часот беше пријавена за исчезната од нејзиниот татко.“, се вели во извештајот на полицијата.

Извор: ТВ21