Мачката по име Ејс, која последен пат била видена од сопствениците во американската сојузна држава Мејн во 2015 година, била пронајдена пред неколку дена на Флорида – на речиси 2.500 километри од домот на нејзиното поранешно семејство.
Седум години по исчезнувањето на нејзината мачка, Дениз Кили од Мејн, која, како што вели, одамна се помирила со идејата дека таа и нејзината мачка повеќе нема да се видат, добила порака дека Ејс се наоѓа на Флорида.
Како мачката стигнала таму останува и веројатно ќе остане мистерија.
Џенет Вилијамс, пријателка на сопственичката на мачката која живее на Флорида, моментално се грижи за својата миленичка додека Дениз не ја земе.
Сопствениците „подолго време ја барале по нејзиното исчезнување и со жалење заклучиле дека најверојатно станала плен на предатори“.
Ејс последен пат е видена во 2015 година, на десеттиот роденден на ќерката на нејзиниот сопственик, во државата Мејн. Оттогаш таа помина практично 2.500 километри, жива и здрава, и пристигна на Флорида, каде беше лоцирана со помош на микрочип.
'Ashes' the cat, who disappeared from Maine home in 2015, found 7 years later in Florida | https://t.co/gOLaGJokdo #cat #catnews
— Bijou’s News & Notes (@NewsBijou) February 11, 2022
Yay! We love these stories! 😁 https://t.co/lwh6Y3mCQo
