Искористени деца за порнографија! Уапсен маж (42) кој разменувал снимки и слики од деца со други лица!

Полицијата во Беране го уапси Д.Р. (42) кој е осомничен дека искористувал деца за порнографија.

Од полицијата соопштија дека осомничениот ова кривично дело го сторил на тој начин што подолг временски период континуирано прибавувал и поседувал порнографски слики и аудиовизуелни содржини од детска порнографија и ги ставал на располагање на други лица.

Се вчитува...

– Полицијата извршила претрес во станот и другите простории што ги користел ова лице, при што во таа прилика биле пронајдени и одземени два мобилни телефони. За собраните податоци и известувања бил известен надлежен државен обвинител во Основното државно обвинителство Беране, по чија наредба Д.Р. лишен од слобода – соопшти полицијата.