„Искри“ во десеттиот парламентарен состав – Јетон Шаќири предлог на ДУИ за министер на МИОА

Реизборот на Талат Џафери за нов претседател на законодавниот дом ја разгори полемиката меѓу пратениците. Од многуте дискусии малку за дневниот ред, а многу повеќе за иднината и времетраењето на новиот десетти парламентарен состав.

Со овие тврдењата не се согласуваат од коалицијата „Можеме“. Велат дека не четири, туку ДПМНЕ ќе биде осум години опозиција.

Аналитичарот Владимир Божиновски смета дека новата Влада нема да има четиригодишен мандат. Додава дека евентуално преминување на пратеници од една во друга партија комплетно го дерогира демократскиот процес и се губи смислата на организирање на изборен процес.

Додава дека во самото законодавство треба да се регулира преминувањето на пратеници од една во друга партија, бидејќи граѓаните гласаат за партии, а не за поединци.

По конститутивната седница во Собранието, од понеделник се очекува закажување на нова пленарна седница за избор на Влада. Превирањата во ДУИ најверојатно завршија, па Јетон Шаќири е предложен за МИОА.

За избор на Влада потребно е просто мнозинство во Собранието, а изборот треба да заврши најдоцна до 2-ри септември кога и истекува рокот на мандатарот Зоран Заев.

Поради коронавирусот во законодавниот дом важат посебни протоколи кои пак истовремено и ја отежнуваат работата на пратениците.

.

Извор: ТВ21