Запрашан од страна на новинар на порталот „Pa Censurë“, „Зошто излегол на протес?“, тој одговори дека „Излегол поради неговата сестра, бидејќи таа била една од 14 жртви во опожарената болница во Тетово“.
Меѓу демонстраните, имаше и луѓе кои што загубиле свои блиски во пожарот кој што избувнал во ковид модуларната болница. Еден од нив ја загубил и својата сестра.
Тој потенцираше дека бара правда и што побрзо да излези на виделина вистината за пожарот во болницата, пишува Pa Censurë. Тој додаде дека доколку неговат сестра починеше од болеста, болката ќе беше помала, но тоа што и се случи на неговата сестра е неприфатливо за него.
По општинската зграда демонстрантите се упатија кон седиштето на ДУИ, каде се судрија со полицијата. Полициски кордони распоредени низ улиците во Мала Речица не дозволија протестот да заврши пред Демократската унија за интеграција, па на моменти атмосферата стануваше тензична.